24фудбал

Три месеци суспензија за Лео Меси

Лео Меси нема да може да игра за аргентинската репрезентација во наредните три месеци поради неговите коментари по мечот против Чиле на Копа Америка.

Јужна Америка

Дициплинската комисија при КОНМЕБОЛ му изрече тримесечна суспензија на Лео Меси за неговите навреди кон организаторот на Копа Америка.

„Не треба да бидеме дел од оваа корупцијa“, изјави тогаш Меси кој одби да го земе бронзениот медел за третото место. Тој ги обвини судиите дека му помагаат на Бразил да дојде до титулата.

Ваквата суспензија значи дека Меси нема да може да игра за Аргентина од 3 август до 3 ноември. Ќе пропушти два термини на ФИФА. ( 5. септември против Чиле и 10. против Мексико) и (9. октомври против Германија). Тој ќе може да игра во терминот за неомври кој е од 11 до 19.

Суспензијата нема ефект на неговите настапи за Барселона каде што ќе може комплетно да се посвети.

Меси ќе треба да плати и парична глоба од 50.000 долари.