24фудбал

ПСЖ со пресврт го победи „должникот“ Рен и дојде до трофејот од Суперкупот на Франција (ВИДЕО)

ПСЖ пак се помачи со Рен, но овој пат дојде до победата иако имаше негатива по првото полувреме, на крајот го добија мечот со 2-1 и дојдоа до првиот трофеј оваа сезона.

Франција

Рен кој го изненади ПСЖ минатата година во Купот на Франција, одлично го почна и Суперкупот, но овој пат фаворитот не доби уште еден студен туш.

По една одлична акција во 13. минута Хуно донесе водство на Рен од 1-0, со тој резултат и се замина на полувремето.

ПСЖ долго време се мачеше за да изедначи, конечно во 57. минута Мбапе постигна гол по асистенција од Сарабија за 1-1.

Во 73. минута Анхел Ди Марија постигна убав гол од слободен удар за комплетен пресврт и победа од на ПСЖ од 2-1.

До крајот на мечот Рен тргна кон израмнување, имаше неколку шанси во финишот, но ПСЖ го одбрани водството и на крајот го крена трофејот од Суперкупот на Франција.