24фудбал

Меси комплетно го игнорираше Гризман: Ниту се поздрави, ниту пак му прозборе (ВИДЕО)

Барселона ќе има страшен напад во новата сезона откако го донесе Антоан Гризман ова лето, но за тоа двете фудбалски ѕвезди на теренот ќе треба да имаат далеку подобра комуникација од онаа која синоќа ја имаа на клупата.

Шпанија

„Каталонците“ ова лето искешираа 120 милиони евра за да го купат Антоан Гризман, но се шпекулира дека не сите играчи во соблекувалната се среќни од ваквиот потег.

Неколку звучни имиња, помеѓу кои и првата ѕвезда Лео Меси, не му простуваат на Французинот за начинот на кој ги „издрибла“ минатото лето кога одби да се пресели на Камп Ноу.

Неодамна самиот Антоан Гризман откри дека Луис Суарез му пишал и му честитал за трансферот но не и Лео Меси. Дека има одредена доза виситна во она што го пишуваат медиумите говорат и кадрите од синоќешниот пријателски натпревар против Арсенал.

Кога Антоан Гризман беше повлечен од игра и се упати на клупата, напаѓачот беше игнориран од Лео Меси. Аргентинецот ниту му пружи рака да се поздрави, ниту пак му прозборе. 

Според „Ел чирингито“, Лео Меси не му кажал збор на Антоан Гризман цели 15 минути.