24фудбал

Леонардо веќе крои планови, ако Нејмар биде продаден, ПСЖ ќе тргне по две ѕвезди од Серија А?!

Медиумите од Франција велат дека „светците“ имаат план како да го засилат тимот доколку Нејмар замине ова лето, ПСЖ ќе тргне по две ѕвезди од Серија А, односно Пауло Дибала и Џиџо Донарума.

Франција

Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да стави крај на авантурата во Париз, но зделката е прилично комплицирана. Низ медиумите кружат многу стории за тоа што е потребно за Бразилецот да биде продаден и каде ќе заврши.

Барселона најчесто се посочува како негова следна дестинација но се споменуваат уште неколку клубови. Денеска најпрво се појавија гласини кои велеа дека и Флорентино Перез размислува да го донесе во Реал Мадрид, а подоцна и дека Нејмар бил понуден на Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ одговориле негативно.

И иако се чини дека во моментов тој е најблиску до останување на Паркот на Принцовите, лидерите на клубот имаат скроено план за иднина без Бразилецот.

Специјализираниот поратал „Париз јунајтед“ (parisunited.fr) кој обично е добро упатен во случувањата во ПСЖ, пренесе дека спортскиот директор Леонардо ќе ангажира две ѕвезди од Серија А.

„Светците“ ќе го донесат Пауло Дибала од Јувентус како директна замена за Нејмар, а ќе биде купен и Џиџо Донарума. Леонардо смета дека Ареола и Трап се добри голмани, но за триумф во Лигата на шампионите е потребно нешто екстра и верува дека младиот чувар на Милан го има токму тоа.