24фудбал

Елмас на потешкиот начин научи каква класа се Ракитиќ и Бускетс, дуото на Барса си поигра со Македонецот (ВИДЕО)

Елиф Елмас утово имаше прилика да излезе на мегдан со Барселона, Македонецот се прикажа во импресивно светло но и на потешкиот начин научи каква класа се Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс.

Останато

Ако некој знае како да одигра на мал простор, тоа се фудбалерите на Барселона. „Каталонците“ умеат со топката и тоа на своја кожа утрово го осети нашиот Елиф Елмас.

Македонецот тргна во соло пробив и покрај тоа што беше опкружен од неколку противници а во близина немаше негови соиграчи. Тој лесно ја загуби топката, а откако се обиде да ја врати, од прва рака увиде каква класа се Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс.

Хрватот му ја протна топката низ нозе, а Шпанецот елегантно со пета му ја врати топката, за Ракитиќ потоа да одложи за трет фудбалер на Барселона.