24фудбал

Дали му намигна на Реал? Нејмар крена прашина со последната објава на социјалните мрежи (ФОТО)

По најавите дека Реал Мадрид на ПСЖ му понудил 120 милиони евра плус услугите на Лука Модриќ за да го ангажира Нејмар, Бразилецот крена прашина со објава на социјалните мрежи.

Шпанија

Нејмар сака ова лето да замине од Париз, враќање на Камп Ноу е негов приоритет, но се чини дека ПСЖ прави се што може за играчот да не заврши во Барселона.

Изминативе денови се говореше дека Бразилецот бил понуден на Манчестер јунајтед и Јувентус, а се појавија и гласини дека Реал понудил 120 милиони евра плус услугите на Лука Модриќ.

„Светците“ се подготвени да го прифатат овој предлог и само Нејмар ќе треба да даде зелено светло за преселба во Мадрид.

Напѓачот вечерва крена прашина откако на социјалните мрежи објави слика на која се поздравува со Зинедин Зидан. Се работи за хуманитарен меч од 2012, а во кадарот се уште две големи имиња, Луис Назарио да Лима Роналдо и футсал легендата Фалкао.

По ваквиот потег на напаѓачот, многумина велат дека тој му намигнува на Реал Мадрид и Зизу. Бразилецот е голема желба на Флорентино Перез, додека пак Зинедин Зидан преферира Реал да ги потроши парите на ангажман на Пол Погба.