24фудбал

Интер по втор пат ќе го урне трансфер рекордот ова лето, ги продаа Икарди, Жоао Марио и Перишиќ и го купува СМС?!

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Бепе Марота може да приреди уште една бомба пред крајот на трансфер пазарот и на Џузепе Меаца да го донесе Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Италија

На „нероаѕурите“ им требаа 20 години за да го урнат трансфер рекордот, но сега за краток период би можеле одново да ги поместат границите.

Откако беше комплетиран трансферот на Ромелу Лукаку за 75-80 милиони евра, се очекува сега Интер да ја реализира и зделката за ангажман на Един Џеко од Рома.

Но според Газета дело Спорт, Бепе Марота може да приреди уште една бомба пред крајот на трансфер пазарот. Весникот пишува дека Интер во последните денови од преодниот рок може да тргне по Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Србинот е достапен за 75 милиони евра, плус уште 15 милиони евра во бонуси, бројки кои биле разговарани со Манчестер јунајтед ова лето, но „ѓаволите“ не доставиле формален предлог и на крајот се откажале.

Но за Инер да го купи СМС, најпрво треба да се ослободи од неколку играчи како Мауро Икарди, Жоао Марио и Иван Перишиќ и да прибере средства.

Хрватот се поврзува со Баерн Минхен и преселба на Алианц Арена на позајмица со опција во целост да биде купен за 30 милиони евра. Жоао Марио пак е мета на Монако, а за Мауро Икарди интерес пројавуваат Рома, Наполи и Јувентус.