24фудбал

Навреди од публиката за Нејмар, ПСЖ лесно се справи со Ним на стартот од сезоната (ВИДЕО)

ПСЖ ја почна одбраната на титулата во Франција со лесна победа, „светците“ вечерва пред своите навивачи го совладаа Ним со 3-0.

Франција

Во пресрет на првиот коло од Лиг 1, фокусот беше кон Нејмар, кој сака ова лето да замине од Париз. Спортскиот директор Леонардо откри дека напаѓачот нема да биде во составот бидејќи имало напредок во преговорите за негова продажба.

Па фановите вечерва го изразија своето незадоволство и имаше пароли со навредлива содржина на адреса на Нејмар како и скандирања „Ти си ку*вин син“.

Што се однесува до мечот со Ним, ПСЖ и без Бразилецот лесно се справи со противникот. Резултатот го отвори Кавани од белата точка откако судијата со помош на ВАР досуди пенал. Ниту еден играч на „светците“ не бараше најстрога казна ниту пак се бунеше дека имало спорна ситуација, но видео технологијаа забележа играње со рака а судијата откако ги прегледа повторените снимки сметаше дека има доволно елементи за најстрога казна.

На стартот од второто полувреме, Мбапе зголеми на 2-0. Французинот доби топка на пет метри и неодбранлово биеше за дуплирање на предноста.

Точка на натпреварот стави Ди Маријав во 69. минута. Аргентинецот одлична беше проигран од Мбапе и биеше по земја на поблиската статива за 3-0.