24фудбал

Останува или заминува? Погба се огласи за својата иднина и порача: Времето ќе покаже, има голем знак прашалник

Пол Погба излезе со коментар за својата иднина, Французинот вели дека секогаш ќе го дава максимумот кога ќе истрча во дресот на Манчестер јунајтед но призна дека над него виси голем знак прашалник.

Англија

Фудбалерот од средниот ред е желба на Зинедин Зидан и се верува дека тој е последното парче од сложувалката на тренерот на Реал и реконструкцијата која се прави ова лето во Мадрид.

Неодамна Оле Гунар Солскјер порача дека Пол Погба останува во Манчестер јунајтед, а откако трансфер пазарот во Англија затвори без „ѓаволите“ да донесат соодветна замена, тешко дека до крајот на месецов ќе прифатат продажба.

По триумфот од 4-0 над Челси, во кој Пол Погба забележа две асистенции, Французинот излезе со коментар за својата иднина и порача дека виси голем знак прашалник.

„Секогаш се чувствувам добро кога играм фудбал. Го правам тоа што го сакам, плус тоа е и мојата работа. Го давам максимумот секогаш кога сум на теренот“ – вели тој за Радио Монте Карло.

„Знам дека беа кажани одредени работи за мое заминување. Времето ќе покаже. Има голем знак прашалник. Во моментов сум играч на Манчестер јунајтед, се забавувам со соиграчите, секогаш сакам да победувам и секогаш се обидувам да го прикажам најдоброто од себе на теренот“.