24фудбал

Перишиќ ги помина лекарските прегледи со Баерн, се чека само официјална потврда

Иван Перишиќ ги помина редовоните лекарски прегледи со Баерн и сега се чека само уште официјалното соопштение за неговата преселба во Минхен.

Германија

По повредата на Лерој Сане, кој ќе паузира помеѓу шест и седум месеци, Баерн мораше да ги промени трансфер целите. Фокусот на брзина беше насочен кон Иван Перишиќ и за кратко време падна договор со Интер бидејќи играчот не се вклопува во замислите на Антонио Конте.

Се верува дека двата клуба си подале рака за позајмица вредна 5 милиони евра, а шампионот на Германија ќе има и опција во целост да го купи играчот за додатни 20 милиони евра.

Иван Перишиќ денеска ги помина редовните лекарски прегледи и сега се чека само официјалното соопштение за неговата преселба во Минхен.

„Да, сега само што ги завршив лекарските прегледи. Ќе го дадам максимумот“ – беше кратката изјава на Хрватот за Билд.