24фудбал

Дали овој потег на ПСЖ навестува трансфер на Нејмар?

Се чини дека Бразилецот е непожелен кај фановите на францускиот првак кои негодуваа од гледалиштето во победата над Ним по шпекулациите поврзани со иднината на фудбалерот, самиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо посочи дека имало напредок во преговорите за продажба на Нејмар.

Франција

Адвокатот кој пред две години ја плати откупната клаузула во висина од 222 милиони евра за трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ денеска беше „уловен“ како влегува во канцелариите на шпанскиот првак.

Дали е „лажна тревога“, или навистина се подготвува теренот за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, останува да видиме во периодот кој претстои, а од ПСЖ ни пристигнува потег кој можеби навестува заминување на првата ѕвезда од редовите на францускиот првак.

Според најновите информации кои пристигнуваат, се вели дека ПСЖ во својата официјална клупска продавница на „Паркот на принцовите“ во Париз веќе почнал да ги отстранува продуктите кои носат содржина со Нејмар.

Како што извести „Уол Спорте“, единствениот продукт кој е на некаков начин поврзан со Нејмар во клупската продавница на арената во Париз се најновите копачки од личниот спонзор на Бразилецот, „Најк, за кои има посебно резервиран простор“

Сосема очекувано, од ПСЖ ги демантираа овие шпекулации, а од таму посочија дека не постојат никакви маркетинг стратегии кои би навестувале заминување на Нејмар од клубот.