24фудбал

Два гола на Несторовски во убедливата победа на Удинезе

Македонскиот напаѓач се наметнува кај Игор Тудор во составот на италијанскиот калчолигаш за време на претсезонските подготовки во пресрет на стартот на новата сезона во Серија А.

Македонија

Удинезе славеше убедлива победа од 9-2 над нисколигашот Сан Луиџи, иако поразениот табор прв тргна со водство, фаворитот брзо возврати и уште во првото полувреме имаше предност од 6-1.

29 годишниот македонски репрезентативец и нов член на Удинезе, Илија Несторовски на два пати ја затресе мрежата од голот на Сан Луиџи, тој во само четири минути, почнувајќи од 30. минута погоди во мрежата од голот на противникот.

Од идниот викенд стартуваат големите возбудувања во италијанската Серија А, Удинезе во воведното коло на домашен терен го пречекува Милан.