24фудбал

Фердинанд без влакна на јазикот за одлуката на Дибала да го одбие Манчестер јунајтед

Дибала беше интересна опција за Манчестер јунајтед во преодниот рок, а во трампата која наводно била пред сама реализација беше вклучен и Лукаку кој требаше да се пресели во Јувентус, меѓутоа на крајот Аргентинецот излезе како главен виновник што сево ова не се реализира.

Англија

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд вели дека е среќен од одлуката на Пауло Дибала да ја отфрли опцијата да ги засили редовите на Премиерлигашот, а како причина за тоа наведе дека Аргентинецот ги нема вистинските минерали за да игра во дресот на „Црвените ѓаволи“.

Повеќе медиуми известија дека Манчестер јунајтед ја одобрил трампата во која беа вметнати Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, меѓутоа офанзивецот од редовите на Јувентус на крајот решил да ја одбие таа опција и да остане во Торино, а веднаш потоа Лукаку заврши во редовите на Интер.

Многу фудбалери одлучиле да не играат во Манчестер јунајтед, односно да одбијат таква опција, наместо тоа се одлучија да играат во други клубови, меѓутоа, не знам колку Дибала има капацитет да го одбие Манчестер јунајтед кога тој е на клупата на Јувентус, тој треба да почне да игра фудбал“ вели Фердиненд за „Дејли Стар“.

Можеби тој си мисли: ‘Сакам да играм во Лигата на шампионите или ќе седам на клупата, повеќе би го избрал тоа отколку да играм во Манчестер јунајтед. Јас сум среќен што тој не дојде тука, и тоа поради фактот што тој ги нема вистинските минерали кои јас ги посакувам во еден фудбалер на Манчестер јунајтед!“ заклучи легендарниот дефанзивец.