24фудбал

Ковач: Перишиќ е стар? Ефенберг на 30 години дојде во Баерн и го предводеше до титула во ЛШ

Хрватскиот фудбалски стратег потсети на титулата на Баерн Минхен во Лигата на шампионите од 2001. година, кога предводен од легендарниот Ефенберг, тимот од Минхен го подигна трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

Германија

Шефот на стручниот штаб на Баерн Минхен, Нико Ковач застана во одбрана на клупската политика на германскиот првак за ангажманот на Иван Перишиќ, а сево ова доаѓа по одредените критики околу возраста на Хрватот.

Перишиќ ќе се приклучи на Баерн Минхен како позајмен фудбалер со опција за откуп на неговиот договор, меѓутоа одредени секции од поддржувачите на германскиот гигант не се среќни со ова засилување, а како една од причините за нивното незадоволство беше наведено фактот што фудбалерот има 30 години, меѓутоа Ковач има свој став на оваа тема поврзана со неговиот сонародник.

Можам да потврдам дека тој беше во Минхен денеска, како и да е, мислам дека критиките кон него не се објективни, би биле во случај да станува збор за неквалитетен фудбалер“ изјави Ковач и направи споредба со легендарниот Штефан Ефенберг кој на 30 години по втор пат во неговата кариера потпиша за Баерн Минхен, поточно во 1998., а потоа освои три титули во Бундеслигата во низа, а учествуваше и во две финалиња во Лигата на шампионите, од кои во едното Баварците ја подигнаа титулата.

Ефенберг исто така дојде во Баерн Минхен кога имаше 30 години и го предводеше тимот до титула во Лигата на шампионите, едноставно треба да престанеме да гледаме само на годините, да погледнеме што постигнале момците и да видиме дали можат да ни помогнат“ посочи Ковач.