24фудбал

Ниту Барса, ниту Реал, ниту Јувентус, ниту Манчестер јунајтед, Нејмар имал изненадувачка понуда од Сантош

Првиот човек на Сантош, Жозе Карлос Переш открива дека раговарал со луѓе блиски до Нејмар и понудил напаѓачот да се врати на „Урбано Калдеира“ на шест месеци.

Останато

Бразилецот сака ова лето да стави крај на авантурата во Париз и да замине од ПСЖ. Камп Ноу е дестинацијата која ја преферира, но преговорите помеѓу „светците“ и Барселона со полни со препреки.

Реал Мадрид во последните неколку денови се најавува како можна дестинација, а претходно се говореше дека тој бил понуден на клубови како Манчестер јунајтед и Јувентус.

На негова адреса пристигнала и изненадувачка понуда од Сантош. Клубот од Бразил се понудил да помогне, Нејмар да ги заборави сите проблеми и да се фокусира само на фудбалот, и потоа на почетокот од 2020 да се врати во Европа.

Секако одговорит бил негативен, но Сантош си ја пробал среќата со оглед на тоа дека нема што да загуби.

„Иако знаевме дека шансите се мали, се обидовме да го донесеме на шест месеци, до декември. Сантош е познат по тоа што знае да ги врати фудбалерите на прав пат, веќе го сторивме тоа со Габигол, кој се мачеше во Европа. Се понудивме Нејмар да дојде тука на шест месеци, иако знаевме дека е практчно невозможно. Разговаравме со луѓе кои се блиски донеговиот татко, но тука запре се, немаше никаков прогрес“ – вели првиот човек на Сантош, Жозе Карлос Переш.