24фудбал

Дали Манчестер Сити Б може да се бори за титулата? Еве како изгледа вториот тим на Гвардиола

Жозе Мурињо изминатиов викенд крена голема прашина со својата изјава откако помеѓу главните кандидати за титулата го вметна Манчестер Сити Б но не и Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал.

Англија

Португалецот во неделата дебитираше во студиото на Скај Спортс како стручен коментатор на натпреварите од Премиерлигата и веднаш ги разбранува страстите.

На прашањето за тоа кои се кандидатите за титулата, тој рече: „Манчестер Сити, Ливерпул, Тотнем и Манчестер Сити Б“.

Португалецот од сликата ги изостави Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал, па многумина ваквата изјава ја протолкуваа како провокација за двата негови поранешниот клубови и „топчиите“.

Не е спорно дека „специјалниот“ знае да биде контроверзен, но ова што го кажа до некаде држи вода. Пеп Гвардиола на располагање има страшна група на играчи, и првиот тим горе-долу би бил следниов.

Првите 11 на „граѓаните“: Едерсон, Вокер, Лапорт, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Давид Силва, Бернардо Силва, Де Брујне, Стерлинг и Агуеро.

Доколку се креира состав од останатите играчи на кои смета Шпанецот, се добива прилично силен тим.

Вторите 11 на „граѓаните“: Браво, Канесело, Отамеди, Мангала, Менди, Родри, Гундоган, Фоуден, Марез, Сане и Жесус.

Во Манчестер Сити Б би играле трите најскапи засилувања во историјата на клубот, Кансело, Марез и Родри, а последната линија и голманот вреден преку 200 милиони евра (до душа Мангала денес потпиша со Валенсија, па сумата ќе падне за некој 40 милиони евра и на негово место ќе треба да влезе младиот Гарсија).