24фудбал

Меси на сцена во „операцијата Нејмар“, Аргентинецот му се јавил на Бразилецот и побарал да каже НЕ на Реал

Според пишувањата на Марка, Лео Меси решил да помогне во обидите на Барса да го ангажира Нејмар па му се јавил на Бразилецот и побарал да го одбие Реал Мадрид.

Шпанија

Нејмар и понатаму е главна тема во Шпанија, Бразилецот и денеска се најде на насловните страни на АС, Марка, Спорт и Мундо Депортиво.

И додека најголемиот дел од сториите не откриваат нешто ново и пишуваат за работи кои беа кажани и изминативе денови, Марка пренесе дека Лео Меси стапил на сцена во „операцијата Нејмар“.

Весникот вели дека Аргентинецот не сака да го види Бразилецот во дресот на лутиот ривал, па му се јавил на напаѓачот, побарал да го одбие Реал и да се врати на Камп Ноу.

Односот помеѓу двајцата е одличен, Нејмар ова лето изјави дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот, и дека двајцата биле спектакуларно дуо. Тој исто така откри дека се уште комуницира со Аргентинецот но и со Луис Суарез, тројцата имаат група на „Ватс Ап“.