24фудбал

Барселона тргнува во финална офанзива по Нејмар, испраќа делегација во Париз

Медиумите од Шпанија пренесоа дека делегација на Барселона ќе отпатува за Париз на средба со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо во обид да се приближат ставовите за трансфер на Нејмар.

Шпанија

Барселона тргнува во финална офанзива по Нејмар, РАЦ1 објави дека „каталонците“ испраќаат делегација во Париз.

Директорот Хавиер Бордас и техничкиот секретар Ерик Абидал ќе отпатуваат во престолнината на Франција. Друштво ќе им прави и човекот од доверба Андре Кури, кој до сега посредуваше помеѓу двата клуба.

Тие ќе се сретнат со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и ќе се обидат да ги приближат ставовите. Ќе се разговара за опциите кои биле на маса и до сега, односно позајмица на Нејмар со опција играчот во целост да биде купен догодина, или пак трампа во која ќе бидат вклучени еден или двајца фудбалери и сума помеѓу 50 и 100 милиони евра.