24фудбал

„Ле Парисиен“ со нови детали, откриена понудата на Барселона за Нејмар

По најавите дека делегација на Барселона патува во престолнината на Франција, „Ле Парисиен“ откри детали од понудата на „каталонците“ и вели дека предлогот е вреден 80 милиони евра плус Филипе Кутињо.

Шпанија

Оваа недела може да се разреши иднината на Нејмар. Утрово од Шпанија беше пренесено дека делегација на Барселона ќе отпатува во Париз. Директорот Бордас, техничкиот секретер Абидал и човекот од доверба Кури ќе имаат состанок со спортскиот директор Леонардо.

Од Франција сега пристигнуваат нови информации, „Ле Парисиен“ открива детали од понудата. Весникот вели дека предлогот на „каталонците“ е вреден 60 милиони евра, со бонуси сумата може да се искачи до 80 милиони евра, плус услугите на Филипе Кутињо. 

Останува да се види дали ова ќе биде доволно за ПСЖ да прифати продажба. Изминатиов период се говореше дека „светците“ бараат најмалку 100 милиони евра (некои извори дури говореа и 140 милиони евра).