24фудбал

Официјално: Перишиќ се пресели во Баерн Минхен

30 годишниот хрватски репрезентативец и официјално е нов член на германски Баерн Минхен, оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер, а на крајот од истата „Баварците“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.

Германија

Баерн Минхен и официјално ги засили сопствените редови со офанзивецот Иван Перишиќ, Хрватот си замина од Интер а во дресот на „Баварците“ ќе настапува како позајмен фудбалер со опција за целосен откуп на неговиот договор на крајот од сезоната.

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека едногодишната позајмица Баерн Минхен ќе го чини 5 милиони евра, а доколку посакуваат да го откупат неговиот договор со „Нероаѕурите“, Германците ќе треба да издвојат дополнителни 20 милиони евра.

Ковач: Перишиќ е стар? Ефенберг на 30 години дојде во Баерн и го предводеше до титула во ЛШ

Иван ќе ни помогне од стартот на новата сезона со своето големо искуство на интернационалната сцена кое го поседува, тој има одлична техника, флексибилен е во нападот, сигурен сум дека брзо ќе се адаптира на Бундеслигата, таа лига е добро позната за него, а секако добро го познава и тренерот Нико Ковач“ изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, а изјава имаше и новајлијата во тимот од Минхен.

Среќен сум што се вратив во Германија, Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во Европа, сите знаат дека ова е голем клуб, за мене еден од најдобрите пет во светот, па така, кога клуб од такво ниво ќе те побара, не можете да одбиете“ рече Перишиќ кој претходно го носеше дресот на Борусија Дортмунд, тим со кој ја освои титулата во Бундеслигата во сезоната 2011/12.