24фудбал

Лозано ќе потпише договор со Наполи на цели 60 страници

Мексиканецот тропа пред портите на Неапол, тој во деновите кои претстојат треба и официјално да потпише договор со Калчолигашот, клуб за кого ова лето потпиша и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Италија

Доста комплексни беа преговорите помеѓу Хирвинг Лозано и Наполи, а дека е така говорат и шпекулациите кои пристигнуваат од Италија, а кои велат дека Мексиканецот ќе стави потпис на договор со Калчолигашот на цели 60 страници.

Веќе неколку месеци траат преговорите помеѓу обете страни, ПСВ даде зелено светло за овој трансфер, меѓутоа преговорите застанаа во место кога се постави прашањето со имиџ-правата на фудбалерот чиј застапник е Мино Рајола.

Главниот проблем беше поради желбата на фудбалерот да си ги задржи своите имиџ-права, меѓутоа првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис инсистирал на поинаква варијанта, сето тоа да биде преку клубот, меѓутоа, се чини дека разликите сега се „испеглани“ во еден доста необичен договор на цели 60 страници.

„Ла Република“ пишува дека Наполи на ПСВ ќе му исплати 42 милиони евра, а истата сума ќе биде исплатена во рок од две години, некои медиуми пишуваат дека сумата би можела да се исплати и до четири години, а платата која 24 годишниот офанзивец ќе ја заработува во Наполи ќе изнесува 4,5 милиони евра на годишно ниво.

Очекувањата се Рајола да издејствува за поранешниот клуб на Лозано, Пачука да добие 20% од севкупната трансфер зделка помеѓу ПСВ и Наполи.

Лозано минатата сезона ја одбележи играјќи на мошне високо ниво, постигнувајќи 21 погодок и 12 асистенции во 40 настапи за ПСВ во сите натпреварувања.