24фудбал

Хакери се обиделе да украдат дел од „колачот“ на Амиен во трансферот на Ндомбеле

Францускиот прволигаш Амиен жртва на хакерски напад кој очигледно дека бил допро испланиран, се работи за обид да се украдат дел од средствата кои клубот ги доби за трансферот на Ндомбеле во Тотнем.

Франција

Во Франција известуваат дека тамошниот прволигаш Амиен бил жртва на хакерски напад, а станува збор за обид да се „украдат“ нивните 2 милиони евра од вкупно 12-те милиони евра кои ги заработија од трансферот на Тангју Ндомбеле во Тотнем ова лето. Проблемот се увидел откако хакерите почнале со операцијата по првичното префрлање на почетните 2 милиони евра од трансферот на Ндомбеле.

Младиот Французин беше доста посакуван фудбалер во европскиот трансфер пазар, а на крајот Тотнем и Лион се договорија за трансфер кој изнесуваше 60 милиони евра, дел од колачот му припаѓаше и на неговиот поранешен клуб Амиен.

На 3. август, додека Амиен го организирал пристигнувањето на Легањес од Шпанија за пријателскиот меч во рамките на претсезонските подготовки, внатрешниот сервис за е-поштата на клубот бил хакиран. Фактура од 600 илјади евра била пресретната и имало обид да се пренесат средствата на одредена сметка во Шпанија.

За среќа на Амиен, трансферот на средствата бил блокиран навремено, а откако било увидено за што се работи, се утврдило дека станува збор за планиран хакерски напад во два наврати, а истиот соодвествувал со трансферите на одредени фудбалери, а полицијата веќе води истрага за овој случај.