24фудбал

Лукаку: Во Англија има макотрпна работа, но во Италија...

Белгиецот има позитивни импресии од престојот во Милано, нему му се оствари големата желба да игра под кормилото на Антонио Конте, новиот шеф на стручниот штаб на Интер.

Италија

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку кој летово се пресели во Интер а неговиот трансфер од Манчестер јунајтед го чинеше тимот од Милано близу 80 милиони евра, вели дека има голема разлика во начинот на работа во Англија и Италија.

Говорејќи во интервјуто за „Отро“, тој позитивно се произнесе околу првите впечатоци во Италија, како и работата со Антонио Конте, тренер со кој од поодамна сакаше да соработува и тоа јавно го говореше.

Тешко е, поинаку, во Англија постои макотрпна работа, меѓутоа вистинската работа се одвива во Италија“ вели Лукаку во интервјуто.

Градот е навистина убав, меѓутоа тука не дојдов за убавиот живот во градот, дојдов да му помогнам на овој тим да постигне нешто“ додава Белгиецот.