24фудбал

Ривалите сигурно ќе бидат бесни, Сити доби само парична глоба за прекршување на трансфер правилата на ФИФА

Манчестер Сити е казнет од ФИФА поради прекршување на правилата за трансфери на играчи под 18 години, „граѓаните“ поминаа само со парична глоба.

Англија

Светската куќа на фудбалот изминативе години казни неколку гиганти со забрана за купување нов играчи, последен е Челси. На тапет се уште неколку клубови, а Манчестер Сити сега ја дозна пресудата.

ФИФА попладнево соопшти дека „граѓаните“ ги прекршиле правилата за трансфери на играчи под 18 години, и изрече казна која е прилично блага.

Шампионот на Англија ќе треба да плати парична глоба од 370.000 швајцарски франци, односно околу 315.000 фунти.

Ривалите сигурно ќе бидат бесни, „сините“ водат правна битка бидејќи два преодни рока не смеат да носат засилувања, и веќе половично ја одработија казнава откако летово на „Стемфорд Бриџ“ не пристигна ниту едно ново име.