24фудбал

Интер постави нова цена за Икарди, Рома и Наполи се на потег

„Нероаѕурите“ сакаат до крајот на овој летен преоден рок да се ослободат од „вишокот“ во својот состав откако Конте јасно му стави дознаење на Икарди дека не е во неговите планови за идната сезона.

Италија

Според пишувањата на „Кориере Дела Сера“, Интер веќе поставил нова цена за продажба на Мауро Икарди, откако стана јасно дека за Аргентинецот нема иднина во Милано под кормилото на новиот тренер Антонио Конте.

Конте го доведе Лукаку во својот тим, а со тоа нападот доби одлично засилување, извесно е дека веќе Икарди претставува „вишок“ во составот на „Нероаѕурите“, па така тимот од Милано сака уште ова лето да се ослободи од него.

„Кориере Дела Сера“ пишува дека во случај Наполи и Рома да се сериозни во намерата да стигнат до потписот на Аргентинецот, ќе треба да издвојат околу 75 милиони евра за неговите услуги, како заинтересирана екипа за напаѓачот се пријавува и Јувентус, но, во Италија известуваат дека токму Наполи и Рома се најсериозните кандидати за неговиот потпис.