24фудбал

Бреша ја зголеми понудата до Балотели

Старо-новиот Калчолигаш е одлучен во намерата да го донесе напаѓачот во градот каде неговото семејство се уште живее, односно во неговото родно место, понудата веројатно е голема за нов прволигаш, меѓутоа од тука јасно се увидува јасната намера на Бреша.

Италија

Фламенго му понуди на Марио Балотели 3 милиони евра годишна плата, а дополнително во истата понуда ќе има и бонуси, меѓутоа клубот од родното место на напаѓачот, Бреша веднаш ја зголеми понудата до напаѓачот.

Балотели е слободен агент на трансфер пазарот откако неговиот договор со Олимпик Марсеј истече, па така тој е во можност да преговара со сите заинтересирани екипи за неговиот потпис, секако, најзагреани за неговите услуги се бразилскиот клуб Фламенго и старо-новиот калчолигаш Бреша.

Повеќе медиуми пренесоа дека потпретседателот на Фламенго, Маркос Браз, како и извршниот директор на клубот Бруно Спиндел, како и адвокатот Маркос Мота отпатувале за Милано од Лисабон денеска за да остварат средба со Мино Рајола, агентот на фудбалерот.

Понудата, како што се шпекулира, изнесува 3 милиони евра годишна плата, а дополнително и бонуси базирани на перформансите на фудбалерот.

Во Италија пишуваат дека Балотели се двоуми околу тоа дали кариерата да ја продолжи во Бразил, истовремено чека и на понуди од Европа, посебно од Италија, каде Фиорентина се споменуваше како заинтересирана екипа.

Меѓутоа, „Калчомеркато“ тврди дека Бреша веќе ја зголемила понудата до напаѓачот на дополнителни еден милион евра, дополнително и неколку бонуси кои се однесуваат на погодоците кои би ги остварил Балотели, како и настапите во Серија А, односно опстанок во елитното друштво на Италија, што генерално сумата достигнала до 3 милиони евра.