24фудбал

Кој идиот ја одбрана страната за шутирање? Звезда по 22 пенали во плеј-оф од ЛШ (ВИДЕО)

Драмата во Данска и припадна на Црвена звезда, шампионот на Србија по трагикомични пенали и дури 22 удари од белата точка го елиминираше Копенхаген и се пласираше во плеј-офот од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Црвена звезда го задржа сонот за уште еден настап во групната фаза од најелитното европско натпреварување. Шампионот на Србија вечерва го елиминираше Копенхаген.

Мечот во регуларниот дел заврши 1-1, исто како што гласеше резултатот во Белград минатата недела, па се играа продолженија. Мрежите мируваа и во додатните 30 минути и патникот во плеј-офот беше решен на пенали.

Пенал серијата беше трагикомична, откако страната која ја одбраа за шутирање, тревата околку и на белета точка беше прилично оштетена и раскопана, за по десетина шутеви веќе и да не се познава каде е белата точка. Ова им направи многу проблеми на играчите, имаше доста промашувања од кои некои беа прилично смешни.

Се шутираше 22 пати, биеа дури и голманите а Панков и Винд ја имаа честа да се обидат и по втор пат. Токму во вторио обид, Винд не реализираше и испадна трагичар на натпреварот.