24фудбал

Погба зборуваше за прашалници па добил јасна порака од Манчестер јунајтед: Нема да заминеш, ниту за 200 милиони

Пол Погба изминатиов викенд порача дека има голем знак прашалник за неговата иднина, но за Манчестер јунајтед нема никакви дилеми, Французинот продолжува на Олд Трафорд.

Англија

Фудбалерот од средниот ред е желба на Зинедин Зидан, кој во Пол Погба гледа последен и клучен дел од новиот проект кој се креира во Реал ова лето.

По дуелот со Челси на стартот од новата сезона во Премиерлигата, Французинот истакна дека има голем знак прашалник за неговата иднина и времето ќе покаже дали ќе заврши во Мадрид.

Сепак, за Манчестер јунајтед нема никакви дилеми, Пол Погба нема шанси да замине сега откако трансфер пазарот во Англија заврши.

„Ѓаволите“ му порачале дека останува, и нема да добие зелено светло за трансфер дури и да пристигне понуда од 200 милиони евра.