24фудбал

Лампард: Не можете да го замените Азар индивидуално, тоа е речиси невозможно

Во пресрет на вечерашната пресметка во Истанбул против Ливерпул во рамките на европскиот Суперкуп, шефот на стручниот штаб на Челси беше запрашан за тоа како функционира клубот по Азар, а воедно дали е возможно тој достојно да биде заменет.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Челси и легенда на тој клуб, Френк Лампард вели дека неговиот состав ќе мора колективно да ја покрие испразнетата дупка по заминувањето на првата ѕвезда од тимот, Еден Азар, кој летово се пресели во Реал Мадрид.

Лампард тврди дека на индивидуална основа речиси е невозможно да се замени Азар, а за Белгиецот издвои дека е помеѓу најдобрите во светот на фудбалот, бил вистински лидер на теренот за тимот, а исто така и во соблекувалната, додавајќи дека во него Челси имал голем извор на големи и асистенции.

Не можете да го замените него индивидуално, мислам дека тоа е речиси невозможно најмногу поради високото, мошне високо ниво на кое тој е постојано во неговата кариера“ изјави Лампард.

Мораме да останеме смирени, пред сетрпеливи по ова прашање, имаме добар состав, некои млади, некои поискусни фудбалери, а тие сега имаат можност да покажат дека на колективен и индивидуален начин можат да поминат едно скалило погоре“ додаде Лампард.

Одговорот е јасен, тимски, ние мораме да најдеме начин за да продолжиме понатаму бидејќи клуб како Челси постојано треба да се движи напред, Азар, Тери, Дрогба... фудбалерите се развиваат, редот е на следната генерација, следниот тренер. Тоа е нашиот голем предизвик сега, да му посакаме среќа на Азар и да продолжиме како Челси“ заклучи Лампард.