24фудбал

Ван Дајк претпазлив: Челси и по Азар има доста квалитет во тимот

Холандскиот дефанзивец и столб во одбраната на европскиот првак Ливерпул смета дека во дуелот со Челси вечерва неговата екипа треба да влезе претпазливо, од причина што тимот од Лондон се уште имал квалитетни фудбалери дури и по Еден Азар.

Останато

Вечерва на „Водафон“ арената во Истанбул силите ќе ги одмерат Ливерпул и Челси во рамките на УЕФА Суперкупот, а за тимот на Френк Лампард тоа ќе биде доста тежок тест по заминувањето на Еден Азар.

Челси стартуваше доста лошо во Премиерлигата, иако одигра одличен меч на терено, сепак, резултатски беше „потопен“ на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед со 4-0, меѓутоа еден од најдобрите, ако не и најдобар дефанзивец во светот, Вирџил ван Дајк тврди дека во составот на Челси се уште има квалитет, дури и по Азар.

Азар е квалитетен фудбалер, тој играше голема и значајна улога во таа екипа, меѓутоа, јас лично сметам дека тие се уште имаат неколку квалитетни фудбалери во тимот“ рече Ван Дајк кој притоа беше запрашан и за убедливиот пораз на Челси во првото коло од Премиерлигата сезонава.

Мислам дека играат во одредено ниво различен фудбал од ланската сезона, ние секако добро ги анализираме и ќе бидеме добро подготвени за овој меч, ништо што се случило од ланската сезона не треба да носи импакт на тоа што ќе се случи, едно е сигурно, ќе биде добар меч“ подвлече Холанѓанецот од редовите на Ливерпул.