24фудбал

Сала можеби бил мртов пред да се урне авионот, се појави нов момент во истрагата

Емилијано Сала можеби бил мртов пред да се урне авионот, во крвта на Аргентинецот e најдено големо количество на јаглерод моноксид кое знае да биде и фатално.

Англија

Фудбалерот на Кардиф трагично го загуби животот кога авионот со кој леташе од Нант за Велс се урна во Англискиот канал на почетокот од годинава. Медиумите од Англија сега пишуваат дека има нови детали за авионската несреќа на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон. 

Токсиколошката анализа покажала дека во крвта на напаѓачот имало високо количество јаглерод моноксид, односно 58%, и вакво ниво може да предизвика губење на свеста, мозочен удар или срцев удар. Кога кај здрава личност има над 50% јаглерод моноксид, често може да биде и фатално. 

Од оделот за истражување авионски несреќи (ААИБ) веруваат дека и пилотот Дејвид Иботсон бил изложен на јаглерод моноксид, и во зависност колкаво количесто гас имало во неговиот систем, тој можел да бил зашеметен, онесвестен или пак мртов. Телото на Дејвид Иботсон никогаш не беше пронајдено, па не може да се провери оваа теорија. 

Сепак, истражителите ќе мора да спроведат детална истрага за тоа како јаглерод моноксид се нашол во кабината на авионот.