24фудбал

Нејмар тренира сам, откриени нови детали од синоќешната средба во Париз, клучен бил еден телефонски повик на Нејмар постариот

Медиумите од Шпанија пренесуваат нови детали од средбата на делегацијата на Барселона со Леонардо во Париз, пресврт во преговорите се случил кога спортскиот директор на ПСЖ добил телефонски повик од таткото на Нејмар.

Шпанија

Синоќа за прв пат имаше лице во лице преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар. Медиумите веќе објавија како се одвивале преговорите и што „каталонците“ ставиле на маса и што „светците“ побарале.

Попладнево се објавени нови детали. Адвокатот Хасинто Висенте, кој е специјализиран за спортско право, за „Копе Барселона“ откри дека Леонардо имал премногу барања, па човекот од доверба на Барса, Андре Кури му порачал дека не е сериозен и му се јавил на таткотo на Нејмар.

Неколку минути подоцна, спортскиот директор на ПСЖ добил телефонски повик од Нејмар постариот кој му соопштил дека мора да направи напор за да се пронајде решение.

Дури по овој разговор, двете страни почнале да наоаѓаат компромиси за играчите кои можат да бидат вклучени во зделката.

Во меѓувреме, неколку извори пренесоа дека Нејмар денеска тренирал сам, и Бразилецот ќе биде надвор од групата се додека не се разреши неговата иднина, без разлика дали тоа ќе биде трансфер во Барселона или преселба во Реал Мадрид.