24фудбал

Спортскиот директор на Јувентус најави заминување на неколку играчи и ја прокоментира ситуацијата на Дибала и Икарди

Фабио Паратичи ги потврди изјавите на Маурицио Сари од пред некој ден и рече дека составот на „старата дама“ мора да биде скратен, тој исто така призна дека се водат преговори за трансфер на Пауло Дибала и одби да ги коментира гласините за Мауро Икарди.

Италија

Во Вилар Пероса денеска беше одигран традициналниот натпревар помеѓу првиот тим на Јувентус и резервите. Избраниците на Маурицио Сари триумфираа со 3-1, а Пауло Дибала беше двоен стрелец.

По крајот на мечот, Фабио Паратичи разговараше со новинарите па беа неизбежни прашањата за иднината на Аргентинецот кој овој месец најпрво се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед а потоа и во Тотнем.

Спортскиот директор ги потврди изјавите на Маурицио Сари од пред некој ден дека составот на „старата дама“ мора да биде скратен и призна дека се водат преговори за Пауло Дибала.

„Како и вообичаено, има многу гласини во последно време но малку зделки се склучуваат. Ние сме спокојни. Има листа за која ниту јас, ниту тренерот не можеме да сториме ништо. Според правилата можеме да пријавиме само 21 фудбалер, и еден играч од школата (плус тројца голмани). Па сите фудбалери кои не се на овој список ќе треба да заминат“ - вели Фабио Паратичи.

Запрашан дали Ругани и Манџукиќ се први на излезна врата, тој додава: „Нема еден играч кој е поблиску до заминување од друг. Потребни се три страни за да се комплетира трансфер“.

„Ова важи и за Дибала. Тој е наш фудбалер, нашата „10ка“, голем играч. Јасно е дека има одреден интерес и дискусии.“

Запрашан за шпекулациите кои го поврзуваат Јувентус со ангажман на Мауро Икарди, Фабио Паратичи вели: „Икарди е играч на Интер, јас зборувам само за оние нашите“.