24фудбал

Има ли посебно значење оваа промена на социјалните мрежи кај Реал Мадрид и Хамес Родригез? (ФОТО)

Откако му истече позајмицата во Баерн Минхен, а Германците не пријавија желба да го откупат неговиот договор, Колумбиецот се врати во Реал Мадрид, но, тој не беше користен од старо-новиот тренер Зинедин Зидан во текот на претсезонските подготовки, а извесен период се споменува Наполи како негов иден клуб.

Шпанија

Хамес Родригез „заработи“ повик од Реал Мадрид, и тоа на социјалните мрежи, клубот и фудбалерот повторно се следат на социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“, а со тоа во Шпанија сега има разни шпекулации.

Токму Реал Мадрид беше првата страна која го повлече првиот потег, и тоа во понеделникот, откако повторно почна да го следи Колумбиецот на двете социјални мрежи, веќе денеска, одговор стигна и од самиот Хамес кој возврати во иста мера.


Хамес продолжува со тренинзите во Реал Мадрид под кормилото на Зинедин Зидан, меѓутоа многумина очекуваат негов трансфер во Наполи, од каде има најголеми амбиции за потписот на Колумбиецот.

28 годишниот офанзивец беше некорисен за Зидан во претсезонските подготовки на клубот откако не доби прилика за настап на ниту еден од натпреварите кои ги одиграа „Кралевите“.