24фудбал

„Прашање од милион долари е зошто Нејмар не потпиша за Реал, татко му ја зема понудата и...“

Шпански „АС“ во вистински момент направи интервју со човекот под чиј надзор Нејмар во 2006. година работеше во Реал Мадрид, шпанскиот гигант имал намера да го задржи, меѓутоа таткото на фудбалерот издејствувал со посебни намери.

Шпанија

Реал Мадрид се води како екипата која прва пријави сериозен интерес за Нејмар, а тоа првично се случи во 2006. година кога Бразилецот имаше 14 години, „Кралевите“ биле блиску до своите намери, меѓутоа таткото на Нејмар одиграл клучна улога во целата операција да се врати во Бразил и да остане во Сантош.

Хесус Енрике Гутјерез, сега спортски директор во мадридски Москардо, бил тренерот кој бил задолжен за развој на надежните млади фудбалери во Реал Мадрид, а Нејмар имал можност да тренира под негов надзор.

Нејмар се поврзува со трансфер во Реал Мадрид ова лето, па така „АС“ направи интервју со тренерот кој имал искуство во работата со Нејмар на тие години, тој тврди дека клубот дал зелено светло за ангажман на фудбалерот, меѓутоа таткото на Нејмар веднаш издејствувал.

Нејмар пристигна тука во зимата 2006. година, тренираше со екипата за фудбалери до 14 години, тоа се случи во февруари кога главниот оперативец на академијата ми се јави за да ме извести дека некое дете ќе дојде од Бразил да тренира со нас, тоа беше изненадување за мене бидејќи не истото не беше нормално, другите фудбалери доаѓале од блиски средини, но, не и од толку далечни, ми рекоа дека ќе биде со нас неколку седмици“ вели Гутјерез во интервјуто, а потоа се произнесе и по прашањето зошто Бразилецот не останал во Реал Мадрид.

Тоа е прашање од милион долари, кога работата на теренот од моја страна е завршена, јас понатаму не можам ништо, посебно не можам да контролирам што се случува во канцелариите. Тоа што го знам, а го слушнав од втора рака, меѓутоа не можам да бидам 100% сигурен, е тоа дека Реал Мадрид веднаш имал понуда до таткото на Нејмар, а истата содржела одлични услови за да го задржи во својот тим. Сепак, неговиот татко ја зема понудата и ја претстави во Сантош, барајќи од нив да се израмнат со истата барем на минимално ниво за Нејмар да се врати во Бразил“ додава Гутјерез.

Сантош сигурно дал ветување дека ќе му понуди договор на Нејмар, па дури отиде до таму што на неговиот татко му даде стан, тоа е главната причина зошто Нејмар не потпиша за Реал Мадрид“ заклучи тој во интервјуто.