24фудбал

Полувреме: Челси со голот на Жиру до минимална предност (ВИДЕО)

Изминаа првите 45 минути игра на европскиот Суперкуп каде во Истанбул силите ги одмеруваат освојувачот на Лигата на шампионите, односно Лига Европа.

Останато

Челси тргна доста убедливо во пресметката со Ливерпул во Суперкупот на УЕФА, а Лампард, како што објавивме претходно во почетните состави, се реши за нешто поискусен и посигурен тим, тоа веднаш му донесе резултат.

Ако во убедливиот пораз кај Манчестер јунајтед тргна со Абрахам во нападот и Маунт во средината, вечерва Лампард се реши за Жиру и големото засилување Пулишиќ, а Ливерпул е во грч по првите 45 минути игра и има негатива од 0-1.

Голот за водство на Челси го постигна Жиру во 36. минута, по одличната асистенција на Пулишиќ кој испрати добра топка во казнениот простор на Ливерпул, по што искусниот француски напаѓач реагираше одлично.