24фудбал

Нерешено во регуларниот дел, Ливерпул и Челси ќе играат продолженија (ВИДЕО)

Без победник во регуларниот дел од играта во мечот од европскиот Суперкуп кој се игра во Истанбул, по еден гол во двете полувремиња на пресметката помеѓу Челси и Ливерпул.

Останато

Челси тргна прв со водство, а истото го задржа до првите 45 минути игра, меѓутоа по само три минути игра во вториот дел Ливерпул израмни, а нерешено остана седо крајот на регуларните 90 минути игра, по што мечот продолжува со продолженија, а можеби ќе има и пенали, доколку нема победник и во следната фаза.

Жиру го круниса во гол одличниот старт за тимот на Лампард, па така искусниот напаѓач во 36. минута прими употреблива топка од Пулишиќ во казнениот простор на Ливерпул и умешно реализираше за предност на Челси.

По само три минути игра во второто полувреме Мане донесе израмнување за Ливерпул по асистенцијата од страна на Фирмино, на што претходеше мала конфузија во одбраната на Челси.

Голема шанса за пресврт имаше Ван Дајк, меѓутоа неговиот обид во 76. минута беше рефлексно одбранет од страна на Кепа, Шпанецот претходно во истата акција на противникот умешно реагираше и во обидот на Салах, по што одбиената топка дојде до Ван Дајк, а резултатот од 1-1 остана до крајот на регуларниот тек на играта, по што мечот преминува во продолженија.