24фудбал

Рајола преговара за трансфер на Балотели во Фламенго, напаѓачот има едно необично барање

Фламенго му нуди одличен договор на Марио Балотели, но тој иако има надолно движење на кариерата се уште има големи, но и необични побарување.

Јужна Америка

Синоќа во Монако агентот на Балотели, Мино Рајола се сретнал со директори на Флманго на дискусија за евентуалниот трансфер.

Според италијанските медиуми, Флманго на Балотели му нуди годишна плата од 3,6 милиони евра годишно, плус 10 милиони евра само за потпис на договорот. Оваа сума ја нудат бидејќи Бало е слободен играч и нема да плаќаат обесштетување.

Но, Балотели побарал Фламенго да потпише и со неговиот брат Енок кој играше во клубови од Серија Д. Дури бара и брат му да има загарантиран настап на минимум десет официјални натпревари.

Се шпекулира дека Фламенго ќе ги проголта овие барања на Балотели и веројатно ќе ги прифати, но за потписот на Марио се бори и Бреша.

Бреша е градот од детството на Балотели. Тој е роден во Палермо но на две години се преселил Бреша. Сега клубот од оваа област му нуди можност на Марио да се врати во Серија А.

Останува да видиме која од двете опции ќе ја одбере.