24фудбал

Клоп откри што му рекол Лампард по 90 минути игра

Ливерпул на пенали го победи Челси и го освои трофејот од европскиот Суперкуп, но Јирген Клоп се пожали за тоа што требало да играат 120 минути, плус пенали.

Англија

Запрашан за следниот меч на Ливерпул, Клоп откри каква конверзација имал со Лампард по 90 минута од мечот, пред судискиот свиреж.

„По 90 минути, кога беше блиску до моментот судијата да отсвири крај на 90 минути, Лампард ме праша: „Кога и каде играте следно?“, му реков: „сабота во Саутемптон“, открива Клоп.

„Никој не сакаше продолженија. Треба да бидеме подготвени за натпреварот од Премиерлигата, немаме многу време“.

„Ајде да најдеме начин да победиме во сабота, а потоа играме со Арсенал. Двата меча ќе бидат исклучително тешки од различни причини“.

„Вечерва само еден тим славеше повеќе од нас, тоа е Саутемптон кога видоа дека е нерешено по 90 минути“.