24фудбал

„Нема никаков напредок“ – Леонардо ја олади Барселона и откри зошто Нејмар тренира сам

Спортскиот директор на ПСЖ проговори за ситуацијата на Нејмар, вели дека нема напредок во преговорите за негово заминување и објасни дека Бразилецот тренира сам бидејќи работи на својот фитнес по индивидуална програма.

Франција

Барселона и ПСЖ оваа недела прв пат имаа лице во лице преговори за трансфер на Нејмар, делегација на „каталонците“ беше во Париз на средба со спортскиот директор на „светците“, Леонардо.

Медиумите открија одредени детали од состанокот и во кој правец се одвивале разговорите. Двата клуба се на иста бранова должина за тоа дека Филипе Кутињо може да биде дел од зделката, но вториот играч и сумата која ја бара ПСЖ остануваат камен за препнување.

Леонардо денеска даде кратко интервју за Радио Монте Карло и директорот на ПСЖ ја олади Барселона.

„Сите знаат дека има преговори за Нејмар, но нема никаков напредок“ – вели Бразилецот.

Напаѓачот вчера тренираше сам, и беше пренесено дека тој нема да биде дел од групата се додека не се разреши неговата иднина.

Леонардо ја објасни и оваа ситуација и рече: „Ваквите стории не се вистините. Нејмар не е отстранет од групата. Едноставно работи по индивидуална програма за да го достигне фитнесот на другите. Тој е играч на ПСЖ, има уште три години од договорот. Мора во предвид да ги земеме сите аспакети, се да биде на свое место за тој повторно да биде дел од групата и да почне да игра“.