24фудбал

Мегваер одбил многу повисока плата од Манчестер Сити, сакал да се пресели само во Јунајтед

Доколку потпишел за Манчестер Сити, Хери Мегваер ќе станел најплатениот дефанзивец во светот, но тој го одбил предлогот на шампионот за да се пресели на Олд Трафорд.

Англија

Според англиските медиуми, Манчестер јунајтед му понудил 278.000 фунти неделна плата на Мегваер за да потпише за нив.

Тој би заработил фантастични 70 милиони фунти за пет години и би бил најплатениот дефанзивец во светот, но Мегваер ги одбил.

Неговата желба била да игра за Манчестер јунајтед без разлика што тоа ќе биде за значително помала плата.

Според договорот со Јунајтед, Мегваер заработува 190.000 фунти неделно, што е речиси за 100.000 помалку од тоа што му го нудел Сити.

Мегваер импресионираше уште на своето деби за Јунајтед, тој беше играч на натпреварот во победата над Челси од 4-0.