24фудбал

„Зидан ќе има големи проблеми доколку не го добие тоа што го сака, му фали Погба“

Братот на Пол Погба, Матиас вели дека неговиот брат сака да замине од Манчестер јунајтед и тој е уверен дека се уште може да се случи трансферот во Реал Мадрид.

Шпанија

Матиас Погба смета дека Зидан треба да го добие неговиот брат, Флорентино Перез треба да направи напор во последните денови од преодниот рок и да му го донесе играчот кој стратегот го сака.

„Зидан е еден од најдобрите и мислам дека доколку клубот му го даде тоа што го сака, нема да имаат никаков проблем“, вели Матиас Погба.

„Но доколку не му ги остварат желбите, ќе им биде тешко бидејќи нема да го има тоа што го сака и не може да игра така како што сака“.

„Мојот брат е тоа што му фали“.

„Погба сака да си оди. Во тимот каде што е сега не може да го направи тоа што го сака. Целиот Јунајтед е поделен од Мурињо, тоа не е добар пример“.

„Не е невозможно за Флорентино да го купи мојот брат. Не бидете сигурни дека Погба ќе остане во Јунајтед. До 2 септември се може да се случи. На Реал му треба играта и карактерот на Погба“.