24фудбал

Кутињо е пред трансфер во Баерн, го нема во составот за денешниот меч на Барса!

Барселона и Баерн Минхен постигнале договор за позајмица на Филипе Кутињо, тој не е на листата на фудбалери за вечерашниот меч против Атлетик Билбао.

Германија

Барселона и Баерн Минхен се договориле, а Кутињо прифатил следната сезона да игра како позајмен фудбалер во германскиот шампион.

Се пишува дека зделката може да биде официјализирана уште вечерва.

Кутињо не е ниту на клупата за вечерашниот меч на Сан Мамес против Атлетик Билбао, факт кој ги поткрепува ваквите вести за негов трансфер.

Заминувањето на Кутињо во Баерн Минхен може да има влијание на трансферот на Нејмар во Барселона, Бразилецот е еден од играчите кои беа посакувани од ПСЖ.

Се уште е нејасно за каков вид на позајмица станува збор, дали Баерн Минхен ќе има опција и комплетно да го откупи Кутињо по крајот на сезоната.