24фудбал

Ковач: Не само Баерн, цела Бундеслига и Германија треба да бидат среќни за Кутињо

Баерн Минхен и Барселона се договорија, Кутињо се сели во редовите на германскиот шампион, во Бундеслигата доаѓа ѕвезда која според тренерот Ковач треба да ги возбуди сите.

Германија

Филипе Кутињо оди на едногодишна позајмица во Баерн Минхен кој ќе има опција комплетно да го откупи бразилецот по крајот од сезоната.

Тренерот Роберт Ковач вели дека цела Бундеслига треба да се радува на овој трансфер.

„Според мене, не само Баерн Минхен, туку целата Бундеслига и цела Германија треба да биде среќна со доаѓањето на вака големо име во нашата лига“, вели Ковач.

Кутињо беше одличен во Ливерпул, но не ги исполни очекувањата во Барселона. Останува да видиме што ќе покаже во Баерн Минхен.