24фудбал

Дортмунд прими гол по 30 секунди, па ја наполни мрежата на Аугсбург до врв (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја започна сезоната со убедлива победа над Аугсбург, гостите поведоа по само 30 секунди игра, но потоа примија пет гол.

Германија

„Милионерите“ ја наполнија мрежата на Аугсбург во првото коло од Бундеслигата. Гостите одлично го отворија мечот на Сингл Идуна Парк и поведоа по 30 секунди игра преку Нидерлехнер.

Но Дортнунд веднаш се врати во игра, преку Алкасер изедначи на 1-1 во 3. минута. Иако брзо паднаа два погодока за следниот се чекаше дури до стартот на вториот дел.

Санчо искористи една лоша интервенција на голманот на Аугсбург и погоди за 2-1. Голманот на гостите на дужа го носи и третиот гол на домаќините откако испушти од рака една топка а Ројс реализираше за 3-1.

Во 59. минута од мечот Алкасер го постигна својот втор гол со удар од врвот на шеснаесетникот, а конечниот резултат беше поставен во 82. минута кога новајлијата во тимот, Бранд се запиша во листата на стрелците.

Возбудлив меч со пет гола одиграа Баер Леверкузен и Падерборн, домаќините славеа со 3-2. Фрајбург со 3-0 го совлада Маинц, Фортуна Дизелдорф со 3-1 триумфираше на гостувањето кај Вердер Бремен а Волфзбург пред своите фанови со 2-1 ја доби пресметката со Келн.