24фудбал

Слаломот на Жоао Феликс кој покажа зошто Атлетико Мадрид плати неверојатна сума за него (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Хетафе, голот го постигна Мората, но главна тема е Жоао Феликс.

Шпанија

Во текот на второто полувреме 19-годишниот Португалец направи вистински слалом кој започна длабоко во неговата половина. Фудбалерите на Хетафе не можеа да го задржат, Феликс од оваа акција изнуди пенал, кој не го реализираше Мората.

Како и да, Жоао Феликс покажа дека навистина вреди и многу и ќе ја оправда сумата вложена во него.