24фудбал

Балотели: Конечно се враќам дома, во мојот град!

Балотели се врати во Серија А откако синоќа го комплетираше трансферот во Бреша, напаѓачот изгледа среќен.

Италија

Контроверзниот напаѓач, Марио Балотели ќе игра за клубот од градот во кој живееше како дете откако стави потпис на договор со Бреша.

Според информациите од Италија, тој ќе заработува 1,5 милиони евра годишно, со екстра бонуси кои зависат од број на погодоци, на настапи, на настапи за Италија, а договорот автоматски ќе му биде продолжен ако Бреша избори опстанок.

„Конечно, се враќам дома, во мојот град. Бреша, тука сум“, објави Балотели на својот инстаграм профил.