24фудбал

Официјално: Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Кутињо

Трансферот кој претходно беше најавен сега е и официјализиран, Кутињо го потпиша договорот со Баерн Минхен, позајмица со можност за откуп.

Германија

Баерн Минхен утринава го промовираше Филипе Кутињо во ново засилување.

„Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Филипе Кутињо. Бразилецот ги помина медицинските тестови во неделата и го потпиша договорот. Тој ќе игра една година како позајмен играч од Барселона. Баерн Минхен има опција целосно да го откупи по истекот на позајмицата. Сите страни се договорија да не се објавуваат финансиските детали“, стои во соопштението на Баерн.

Но иако како што вели германскиот клуб официјално не се познати финансиските детали. „AС“ тврди дека за позајмицата Баерн ќе плати 8,5 милиони евра, а цената за која ќе може да го откупи Кутињо идната година изнесува 120 милиони евра.

„За мене овој трансфер значи нов предизвик, нова земја со еден од најдобрите клубови во Европа. Како и Баерн Минхен, и јас имам големи амбиции и уверен сум дека ќе ги остварам заедно со моите нови соиграчи“, изјави Кутињо.