24фудбал

Брегалница му даде 22 гола на Ново Црнилиште!

Во првото коло од Купот на Македонија Брегалница Штип со неверојатен резултат го совлада тимот на Ново Црнилиште 22-0!

Македонија

Брегалница до врв ја наполни мрежата на нисколигашот Ново Црнилиште и оствари резултат кој ретко се гледа.

На полувремето беше 6-0, а во вторите 45 минути паднаа уште неверојатни 16 голови.

Останатите натпревари од Купот на Македонија се играат во среда.

Брегалница Штип се очекува да биде еден од главните фаворити на истокот за враќање во првата лига.