24фудбал

Рибери се уште не го кажал последниот збор, Французинот продолжува во Серија А?

Французинот би можел да продолжи со професионалното играње фудбал и на свои 36 години, Серија А е неговата можна идна дестинација, во Италија пишуваат дека постојат позитивни сигнали во преговорите.

Германија

Во Италија пренесуваат дека Фиорентина е во одлична позиција да ги засили сопствените редови со ветеранот Франк Рибери, а наводно веќе имало позитивни сигнали од обете страни во преговорите.

36 годишниот Французин во моментов е слободен играч на трансфер пазарот како мина цели 12 сезони во редовите на германскиот гигант Баерн Минхен, а на „Баварците“ им помогна во освојувањето на девет титули.

Шефот на стручниот штаб на Фиорентина, Винченцо Монтела бара засилувања за својот тим по разочарувачката ланска сезона кога „Виолетовите“ завршија на 16. позиција на табелата во Серија А, а се верува дека ветеранот Рибери може да придонесе во подобрувањето на квалитетот на составот.